Возач од Скопје усмрти 78-годишен велосипедист

Од:

Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, возило „мицубиши аутлендер“ управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил уапсен.

Возачот е приведен во Полициската станица во Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски