Реконструкција на железничкиот премин кај Стар Мост во Велес

Од:

Градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев денеска изврши увид на извршување на градежните работи за реконструкција на железничкиот премин на Стар мост кој се реализира во соработка со Македонски Железници.

– Започнавме од најоштетениот и најфрекфентниот премин од движењето на возилата и пешаците, а во наредниот период ќе продолжиме да ги реконструираме и сите останати премини кои се наоѓаат на територијата на општина Велес, кај фабриката „Киро Ќучук“ во населба Превалец и останатите железнички премини за кои има потреба од реконструкција, рече Чадиев.

Со реконструкцијата ќе се изврши поплочување со бекатонски плочи околу 200 м2 од преминот и ќе се заменат ивичњаците, а од страна на Македонски Железници ќе се изврши и средување на пругата. Реконструкцијата на патниот правец е предвидена во програмата за градежно земјиште и изнесува 250.000 денари.

Поради реконструкцијата овој патен премин за сообраќај ќе биде затворен за сообраќај до четврток кога се очекува негово целосно довршување, а за сите возила важи променетиот патен сообраќај односно пренасочување кон мостот „Гемиџии“.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ