Левица: Бараме кривична одговорност за Ганиу

Од:

Самоволието на ДУИ и натаму продолжува. Минатата недела, градоначалниот на општина Чаир, Висар Ганиу, помпезно промовираше уништување на заштитено културно наследство во Старата скопска чаршија, односно „поврзувачката порта на Бит-пазар со Старата скопска чаршија“, како што ја нарекоа од Општина Чаир. Во таа прилика Ганиу за медиумите арогантно изјави дека за оваа порта има одлука од Советот на Општина Чаир и не е потребна дозвола од Конзерваторски центар, велат од Левица.

„На изјавата од Ганиу се огласи директорката на Конзерваторскиот центар – Скопје, Љиљана Китановска, која потврди дека портата е бесправна градба, која никако не може да биде легализирана и дека треба да се преземат сите законски мерки за итно нејзино отстранување. Исто така од Конзерваторски центар побараа и кривично санкционирање на одговорните лица за бесправното градење.

Дел од градбата се наоѓа во границите на контактната зона наречена Дуќанџик кој што се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија и каде се применува режимот на заштита од прв степен, кој подразбира забрана за поставување градби на јавни простори и за нарушување на интегритетот на заштитената целина. Воедно, во важечкиот детален урбанистички план „Стара чаршија“, донесен во 1999 година со одлука на Советот на Општина Центар, не предвидува никаква градба на предметната локација.

Ова значи дека поврзувачката порта поставена меѓу Бит-пазар и Старата чаршија го намалува културниот идентитет и уникатниот карактер на чаршијата, и според тоа веднаш треба да се отстрани.

Левица апелира Министерството за култура, веднаш да реагира и да ја заштити чаршијата како симбол на Скопје од понатамошно деградирање, и да реагира на непочитување на законот и подзаконските акти.

Од коалицијата ДПМНЕ/ЗНАМ бараме да се покрене кривична одговорност за непочитување на законите и уништување на култирното наследство. Левица нема да дозволи и овој пат самоволитео на ДУИ да остане неказнето на сметка на ситнопартиските интереси, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби