Касами: Работната група за менување имиња на улици ќе работи и без учество на СДСМ

Од:

Работна група за преименување на улици во Општина Тетово ќе продолжи со работа, иако советничката група на СДСМ најави дека целосно се повлекува од секоја структура и тело во општината која работи на постапката на менување на имиња на улиците. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ова го истакна на денешниот брифинг со медиумите, откако во неделата СДСМ соопшти за нивната одлука.

– Работната група може полноправно да одлучува затоа што има мнозинство на членови а сè додека процесот е во рамките на законот и Уставот ќе продолжи. Не сакам уште еднаш да се политизира за тоа што реков. Јас сум заинтересиран во Тетово секоја улица да има име и секоја куќа да има број, рече Касами.

Тетовскиот градоначалник одговорајќи на новинарски прашања повторно одбегна одговор за тоа колку се долговите на Општина Тетово, а се правдаше дека за тоа се потребни информации од централните институции како Народна Банка и Министерство за финансии.

– До Министерството за финансии пуштена официјално да добиеме по што општината се регистрира. Долговите на општината се регистрираат во Министерство за финансии, а до 10 (март н.з) и Министерството имаа значи обврска, после 10-ти и да ни даде. Следната недела ќе имаме посебна конференција за тоа, рече Касами на брифингот.

Тој информираше дека парите унгарската Експорт-импорт банка за општински проекти треба наскоро бидат на располагање.

– Според најавите, парите треба да легнат на државната сметка до крајот на неделава. Еден од проекти е главниот цевковод, пола од тој проект ќе се реализира со овој кредит, за кој веќе се завршени сите процедури. Кога ќе се подобрат временските услови, операторот кој го има добиено тендерот ќе треба да излезе на терен и да ги почне градежните работи, а за другиот дел од водоводот имаме грант од министерството животна средина, рече Касами.

Градоначалникот рече дека до крајот на март како општина ќе завршат и со пријавувањето за кредитот од унгарската Експорт-импорт банка за средства предвидени за 2025 година.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он