Мицкоски се сретна со Орбан, се одржа седница на владите на Македонија и Унгарија

Од:

Премиерот Мицкоски објави дека имал средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по што се одржа заедничка седница на двете влади.

– Денеска се одржа заедничка седница помеѓу владите на Македонија и Унгарија, на која се разгледаа и усогласија клучни прашања од заеднички интерес. Седницата се одржа по билатералните средби на ресорните министри, кои послужија како основа за продлабочување и зацврстување на соработката, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Во делегацијата со Мицкоски во Будимпешта се само министрите од ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „Твоја Македонија“, но не и министрите од ЗНАМ и од ВРЕДИ.


Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

А1он

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски