Струмичкиот карневал меѓу најуспешните туристички настани во Македонија

Од:

Општина Струмица се закити со уште едно признание. Познатиот традиционален струмички карневал е прогласен меѓу најуспешните туристички настани за 2013 година.

Признанието го додели Министерството за економија на Република Македонија по повод денот на туризмот, а го прими претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Инаку, меѓународниот струмички карневал се најде и на листата на дваесетте најдобри карневали во светот, според листата на интернет – порталот „Арабиан травел њуз“. Покрај струмичкиот, на оваа листа се наоѓаат и престижните карневали во Рио Де Женеиро, Венеција, Париз и други светски познати карневалски градови.

Ова е уште една потврда дека оваа вековна традиција во градот под Царевите кули, оди во нагорна линија привлекувајќи се поголем број учесници и посетители од земјата и странство.

priznanie1

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски