Холандскиот конзул нападнат во Сплит

Од:

Почесниот конзул на Холандија, Силвана Кондич денеска е брутално нападната во својата канцеларија во Котексовиот облакодер во Сплит, јавуваат хрватските медиуми.

Според првичните информации. напаѓачот ја прободел со нож во глава и и нанел тешки телесни повреди, по што 72-годишната Кондич е префрлена во сплитскиот Клиничко-болнички центар.

Таа не е во животна опасност, а сплитската полиција го потврди нападот и напомена дека има податоци за сторителот по кого трага.

Холандската Амбасада во Загреб соопшти дека засега нема информации за овој инцидент.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег