Нови печатачи на ХП и во Македонија

Од:

Најновите производи на американската ХП пристигнаа и на македонскиот пазар. Станува збор за два нови печатачи и преносен компјутер.

Од претставништвото во Македонија на денешната прес-конференција информираа дека на потрошувачите им нудат можност за истиот квалитет да добијат повеќе, односно двапати повеќе отпечатени примероци со истиот квалитет како претходно, а по пониска цена.

Намалувањето на цената се должи на поголемото полнење на кертриџот. Новата линија печатачи, како што посочија, се враќа на светлата беж боја.

Во однос на новиот преносен компјутер, кој е наменет за деловните луѓе, посочуваат дека има елегантен дизајн, голема издржливост на батеријата и безбедносни решенија што ги задоволува потребите во работењето.

– Нашите клиенти често имаат повеќе работни обврски во рамките на нивното претпријатие, како што се менаџери, сметководители па се до ИТ и за да ги завршат нивните работни задачи имаат потреба од флексибилни алатки со високи перформанси, посочуваат од ХП.

Компанијата, како што додаваат, е фокусирана на обезбедување технологии лесни за употреба кои ја подобруваат ефикасноста и ги поттикнуваат нивните корисници со тоа што ќе ги срушат бариерите во продуктивноста со ултра мобилни и моќни решенија.

ХП работи во 170 земји, неделно испорачува 1 милион печатачи и 48 милиони компјутери на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска