Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Од:

Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во ОН зборувавме за предлогот веднаш да се укинат сите санкции против Сирија. Тие не само што го гаѓаа (поранешниот сириски претседател) Башар ал Асад и неговата влада, туку тие сè уште дејствуваат“, рече Лавров.

Лавров нагласи дека Москва е заинтересирана да се погрижи процесот на транзиција, кој започна во Сирија по смената на власта, да не доведе до граѓански конфликти и да не излезе од контрола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на гасовод кај Дамаск

Москва до Вашингтон: „Ослободете го Мадуро“

Вучиќ со Лавров во Њујорк: „До крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Русија“

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Откриена тајна на Асад: Сирија имала непријавена нуклеарна програма

Лавров: Западните обвинувања за руска вмешаност во инцидентот во Лајпциг се почеток на вистинска војна