Во согласност со новата политика на медиумско покривање на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Белата куќа денеска им забрани пристап на новинарите од Ројтерс, АП и некои други медиуми до првиот состанок на кабинетот на Трамп.
Според Ројтерс, Белата куќа му одбила пристап на фотограф од американската агенција АП, тројца новинари од Ројтерс, Хаф Пост и германскиот дневен весник Тагесшпигел.
Телевизиските екипи од ABC и Newsmax, како и дописниците од Axios, Blaze, Bloomberg News и NPR, имаа дозвола да известуваат за настанот.