Под знак прашање останувањето на американски сили во Авганистан

Од:

Преговорите дали американските војници ќе останат во Авганистан и по 2014 година и понатаму се под знак прашање, заради несогласување на Кабул на Американците да им се дозволи да извршуваат воени операции. Тоа го изјави денеска портпролот на авганистанскиот претседател Аимал Фаизи.

– Авганистанскиот претседател директно води разговори за да се оспори правото на американските сили да останат во Авганистан и по 2014 година, и покрај притисокот на Вашингтон да се заврши безбедносниот договор до крајот на месецот, изјави Фаизи.

Тој додаде дека САД бараат одобрување од Кабул дека може да спроведуваат воени операции, ноќни рации и претресување, под образложение дека во Авганистан има 75 опасни оперативци на Ал Каеда.

– Многу чудно, бидејќи договорот (во нацрт) ќе биде на 10 години со право (Американците) да извршуваат воени операции каде било во државата. Едноставно, право за воени операции, не е прифатливо за Авганистанците, изјави Фаизи.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан