Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлучил да воведе царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија. Тој остро го критикуваше блокот, велејќи дека ЕУ е „основана за да ги измами САД“.

„Донесовме одлука и наскоро ќе ја објавиме. Ќе биде 25 проценти“, рече американскиот претседател за време на состанокот на владата.

Американскиот претседател рече дека тарифите ќе се применуваат „нашироко“, иако тој конкретно наведе дека тие ќе го погодат увозот на автомобили.

Одлуката за воведување царини доаѓа откако Трамп веќе воведе слични царини за увоз на челик и алуминиум, што предизвика силни реакции од меѓународните партнери. Европската Унија изрази „длабоко жалење“ поради овие мерки и најави решителен одговор за заштита на своите економски интереси. Претседателката на Европската Ккомисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе преземе „силни и пропорционални контрамерки“ како одговор на американските царини.

Воведувањето царина од 25 отсто за увоз на автомобили од ЕУ може значително да влијае на европската автомобилска индустрија, која е еден од клучните сектори на европската економија.

Овие мерки се очекува да доведат до зголемување на цените на автомобилите на американскиот пазар, што може да ја намали побарувачката и негативно да влијае на производителите.

Дополнително, постои можност ЕУ да воведе контрамерки, што дополнително би го ескалирало трговскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Скај њуз: Документите на ФБИ сугерираат дека Трамп знаел за однесувањето на Епштајн

Трамп: Воведов царини за Швајцарија затоа што не ми се допадна тонот на премиерката

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и се стреми кон распаѓање на ЕУ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кој е креаторот на најжестоките политики на Трамп

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје