Петиција за промена на францускиот претседател: Дај оставка, спаси ја државата!

Од:

За само година ипол дена Франција стана држава на распродажба, американска пудла и марионета на банкарски лоби. Несигурноста, кражбите и корупција се во пораст, додека економијата е во пад. Марсеј е еден од најнесигурните градови. Во останатите градови се создаваат зони на беззаконие и радикален исламизам.

Петтата сила на светот се повеќе наликува на трет свет и предизвикува потсмев во цела Европа. Со оглед на тоа што 2017-та година е уште далеку и дека Оланд, како и секој претседател има апсолутен имунитет, па не може да му се суди, единствено решение и за него и за Франција е неговата оставка-пишува во образложението на петицијата за негова промена.

Пилот на малиот авион „змеј“, Давид ван Хемелруцк ова лето беше сензација додека ја надлетуваше преполната плажа на Атлантикот, влечејќи зад себе транспарент со натпис, кој во предвод значи дека пилот на претседателот му праќа повик за оставка. На различни собири и митинзи исто така може да се слушне истата порака.

Во петицијата стои дека Оланд башинг или анти-оландизмот е на пат да се претвори во една организирана политичка струја со висок напон, која треба да го раздрма претседателот. Се поотворено се слушаат повикувањата на член 68 од Уставот, кој предвидува оставка во случај на лудило, измама или неспособност лидерот да се носи со одговорноста на функцијата. Во случајот Оланд овој последен услов е евоциран како законска подлога „кралот без круна“да биде отпуштен од работа.

Франција е демократско-републиканска монархија, каде што сета власт е сконцентрирана на една личност.

Она што Оланд го воведе како систем не е ниту капитализам, ниту социјализам туку комбинација на ласизам и идиотизам. Во таквото општество повеќе нема ниту силни закони, ниту економија, па ни голема опозиција.

Во суштина многу Французи ги подржуваат изјавите на Давид дека не е демократски еден претседател да владее самоиницијативно и против мнозинството. Похрабрите и оние кои што немаат што да изгубат ја потпишуваат петицијата кој што кружи на интернет. До сега само 15.000 лица му се приклучија на пилотот, кој верува дека во држава од 70 милиони образовани жители може да собере четири милиони потписи, колку што се потребни за да покрене референдум за отповикување на како што го нарекува неспособен претседател.

Обвиненијата против Оланд се нешто невидено во Франција. Освен што му се замерува дека ги почитува историјата и традицијата, нему му се припишува и дека шири лоша слика за Франција.

Оланд ја изневери довербата и не се однесува како претседател на една нација, туку како лидер на партија и заштитник на различни лоби групи.

Неговите изборни ветувања се главно лаги, освен оние кои им служат на банкарите, богаташите или хомосексуалците и странците.

Овде веќе ниту криминалците осудени до пет години затвор, не се обврзани да ја отслужат казната.

Ваквиот напредок и модернизација на правдата создаваат клима на страв и несигурност во целата држава.

Ниту економската политика не е подобро водена од правдата. Франција за само неколку месеци изби на првото место, во оданочување на своите граѓани. Оланд за многумина стана вистински финансиски ајатолах. Сепак државата на слобода и човекови права најмногу се посрами пред своите сонародници и соседи, како воено спонзор на бунтовниците во Сирија што се смета за еден вид сојузништво со Ал Каеда.

Униформата на Де Гол е преголема облека за ваквиот претседател. Француската влада личи на некоја братска ложа, која што се дави во кавијар и шампањ, додека народот пропаѓа во долгови и пати поради невработеноста, стои во образложението.

Превод: Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата