СДСМ: Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација

Од:

СДСМ е за реформи во судството, но ова што го прави власта е груба партизација, изјави портпаролката на партијата, Богданка Кузеска прашана за ставот на партијата за евентуалното разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски кое е на дневен ред на денешната седница на Влада.

-Ставот на СДСМ е јасен по ова прашање и никогаш не бил доведен во дилема. Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација. Затоа повикуваме да се тргнат рацете на политиката од судството и да се видат сериозни чекори дека се работи на сериозни реформи во однос на подобрување на состојбата, изјави Кузеска по доставувањето документи до премиерот Христијан Мицкоски во врска со нивните тврдења за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер Изет Меџити

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде усвоен на денешната владина седница. Како што соопшти вчера премиерот Мицкоски, постапката може да трае неколку недели или месеци, согласно законот, оти Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката.

-Апсолутно не можеме ние како Влада да го разрешиме, туку можеме да ја отпочнеме постапката. Како што имам информација треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Оваа процедура ќе потрае, нема да заврши инстант брзо. Таков е законот, рече Мицкоски.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител во кое како причина се наведени нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство.

Републичкиот обвинител Коцевски ги демантираше тврдењето дека незаконски постапувал и најави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение