ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска го усвоија 16-тиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото се однесуваат на руската „флота во сенка“, финансиските мрежи и дополнителните ограничувања за увоз на примарен алуминиум од Русија.

Овој пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки е усвоен на денот на одбележувањето на третата годишнина од почетокот на војната во Украина, а, како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, се однесува на сектор од витално значење за руската економија.

„Оваа нова рунда санкции е насочена не само на руската флота во сенка, туку и на оние кои ја поддржуваат работата на небезбедни нафтени танкери, контролори на видеоигри што се користат за летање со беспилотни летала, банки што се користат за заобиколување на нашите санкции и пропагандни места кои шират лаги“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

За прв пат, ЕУ воведе забрана за трансакции за кредитни или финансиски институции основани надвор од Русија кои го користат системот за пренос на финансиски пораки (FMTS) на Централната банка на Русија.

Советот на ЕУ, исто така, одлучи да ја прошири забраната за обезбедување на специјализирани услуги за финансиски пораки на 13 регионални банки кои се сметаат за клучни за рускиот финансиски и банкарски сектор.

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ