Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

Од:

Германските гласачи излегоа на општите избори во недела на кои конзервативците се фаворити. Досегашните податоци покажуваат дека излезноста е поголема од пред четири години

Избирачките места ширум Германија беа отворени утрово во 8 часот и штотуку се затворени. Право на глас имаат околу 60 милиони граѓани, кои го избираат новото свикување на Бундестагот.

Објавени се првите излезни анкети, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат околу 18 часот и 30 минути.

Според првите резултати од излезните анкети, ЦДУ/ЦСУ се убедливо први, АфД втори, СПД трето.

Во Бундестагот влегуваат и Зелените и Левицата. Либералите и БСВ засега се едвај под прагот, пренесува Дојче веле.

Излезните анкети според јавниот сервис АРД ги покажуваат следните резултати:

СPD 16%
CDU’CSU 29%
Зелените 13,5%
Левицата 8,5%
AfD 19,5%
FDP 4,9%
BSW 4,7%

Излезноста е огромна: 84%.

Овие први резултати обично даваат добар увид за тоа кои се главните победници и губитници на изборите. Конечната распределба на мандатите во Собранието треба да се знае по полноќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во Германија, најмалку петмина мртви

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд – измерени 41,3 степени Целзиусови

Баварскиот премиер бара укинување на социјалната помош за Украинците во Германија

Горан Наумовски

Драма во хемиски парк во Германија: Истече отров, има голем број повредени

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука