Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

Од:

Кандидатот на опозицијата за канцелар на Германија, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека е уверен оти коалицијата ЦДУ/ЦСУ ќе победи на денешните парламентарни избори, нагласувајќи дека левицата во таа земја е „готова“.

„Левицата е готова. Во Германија веќе нема левичарска политика и левичарско мнозинство. Унијата повторно ќе прави политики за мнозинството од населението“, рече тој.

Мерц најави и дека следната влада, доколку стане канцелар, нема да има комбинирано министерство за економија и клима, пренесува НТВ.

Лидерот на ЦСУ, Маркус Седер рече дека ако Мерц биде избран, во Германија „конечно повторно ќе има буржоаско-конзервативна политика“.

Седер ја отфрли и можноста за коалицирање со Партијата на зелените или Алтернативата за Германија (АфД), велејќи дека членовите на АфД со години патуваат во Русија на настани, поради што, како што наведе, се под силно влијание на Москва.

„Не сакам да бидам дел од евроазиската интересна заедница и не сакам Русија да не преземе долгорочно“, рече Седер.

Во исто време, канцеларот Олаф Шолц рече дека сака да остане во Бундестагот доколку добие директен мандат во Потсдам.

Во Германија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори каде, според анкетите, најголема поддршка од граѓаните има Христијанско-демократската и Христијанско-социјалната унија на Баварија (ЦДУ-ЦСУ), додека на второ место е Алтернатива за Германија.

Би можело да ве интересира

Иран планирал напади во Германија

Заврши заложничката криза во Фолксбанк во германскиот град Зинциг

А1он

Драма во Германија: Заложници се заклучени во банка, центарот на градот е блокиран

Горан Наумовски

Крупала го обвинува Мерц дека ја турка Германија во војна: „Нема да има мир без Русија“

„Фајненшл тајмс“: Одбивањето на САД да распоредат ракети во Германија ќе ги наруши воените планови на Европа

Писториус не знае каде се 111 милијарди евра наменети за Бундесверот