Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Од:

Британската тенисерка Ема Радучану доживеа стресен момент за време на мечот од второто коло на тениското првенство во Дубаи против Каролина Мучова кога одеднаш почна да плаче откако виде маж на трибините.

Инцидентот се случи кога таа забележа маж на трибините, кој, според официјалното соопштение на ВТА, претходно покажувал „опсесивно однесување“ кон Радучану и ја малтретирал.

Радучану во еден момент од натпреварот го забележа на трибините, што видно ја вознемири и ја доведе до солзи. Потоа и пријде на судијката и му објасни за што се работи, додека гледачите првично беа збунети.

Натпреварот беше накратко прекинат додека обезбедувањето го отстрани дотичниот човек, а по продолжувањето на играта, Радучану го загуби натпреварот со 7:6 (6), 6:4.

ВТА потврди дека истиот човек и пришол на Радучану на јавен простор претходниот ден и ја малтретирал.

Би можело да ве интересира

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка