Фридрих Мерц e предизвик за Урсула фон дер Лајен и нејзината позиција во ЕУ

Од:

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, за кого се предвидува победа на претстојните избори, јасно најави дека ќе биде многу поактивен во европските прашања од неговиот претходник Олаф Шолц, што бриселски Политико го оцени како најголем предизвик за Урсула фон дер Лајен како претседател на Европската комисија.

Подемот на Мерц доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира дека Европа мора да преземе поголема одговорност за воената и економската помош за Украина.

Иако поголема улога на Германија во ЕУ може да биде од корист на Фон дер Лајен, конфликтите меѓу Мерц и неа се сè поочигледни, пишува Политико.

Додека Фон дер Лајен се залага за зелени реформи, родова еднаквост и отворени внатрешни граници на ЕУ, Мерц поддржува дерегулација, ограничување на миграцијата и зајакнување на националните држави во однос на Брисел.

Нивниот однос е дополнително затегнат поради долгогодишниот конфликт во ЦДУ, каде Фон дер Лајен беше близок соработник и заменик на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, додека Мерц беше нејзин противник со години.

Нивниот однос се очекува да ги обликува идните политички случувања во ЕУ, особено за прашањата на фискалната политика, односите со Кина и миграцијата, пишува Политико.

Би можело да ве интересира

Мерц: Нападот врз Суми е сериозно воено злосторство

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот