Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, петок, 21 февруари 2025 година во 15.39 часот во Бугарија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 42,03 и географска должина 24,59, недалеку од градот Пловдив.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.