ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Од:

Она што го ветивме во кампањата стоиме позади тоа до последен момент. Нашиот збор има тежина за нас и затоа работиме секој ден секое ветување што го даваме да го оствариме. Ви кажавме дека ќе го решиме проблемот со долгите колони, а еве сме со конкретно решение. Ги молиме граѓаните да бидат трпеливи до април за процедурални прашања и официјално да профункционира „one stop shop” со Косово, велат од ВЛЕН.

„Претставници на коалицијата ВЛЕН, првиот заменик премиер, Изет Меџити, заедно со министерот за внатрешни работи и заменик министерот денеска беа на граничниот премин Блаце на средба со косовската страна, претставувана од министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечла, за одблиску да го разгледаат работниот процес.

Владата на ВЛЕН е влада на граѓаните и за граѓаните. Посетите со Косово ќе станат уште почести благодарение на ова техничко олеснување. Ова ќе донесе многу придобивки, и економски и социјални.

Северна Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние како ВЛЕН сме на власт. Како никогаш досега, соработката е на вистинското и задоволително ниво. Како ВЛЕН, се обврзуваме дека секој наш ветен збор ќе го исполниме сè додека не стане реалност, велат од коалицијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција