Французите се најголеми уживатели на дрога во Европа, покажуваат податоците од истражување, објавено од медиумите во Белгија.
Резултатите се добиени со проверка на отпадните води во урбаните средини. Резултатите од анализата покажале дека концентрацијата на молекулите, кои се содржат во канабисот, во водата е пет пати повисока од податоците за Амстердам.
Истражувањето покажува дека за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, кои се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.
Студијата, исто така, покажува дека постои разлика во наркотиците кои се користат во различни географски зони. Така употребата на хероин преовладува во североисточниот дел на Франција, додека на југ повеќе се користи амфетаминот и кокаинот.
Според податоците од истражувањето употребата на наркотици во големите француски градови е за 2,5 пати повеќе во однос на малите населени места.