Украинците се нервозни: Америка ќе загуби

Од:

Преговорите меѓу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Русија без учество на Украина и Европејците само ќе „го отворат апетитот на Владимир Путин“, изјави денеска за AFP неименуван висок украински функционер.

„Тоа само ќе го отвори апетитот на Путин и неговата верба дека тој ќе победи, а Америка ќе загуби“, рече функционерот, кој побара да остане анонимен, по денешната руско-американска средба во Ријад, која се одржа без учество на Киев и Европа.

Официјалниот претставник рече дека тимот на Доналд Трамп ја повторува тактиката на претходните американски претседатели, Барак Обама пред руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и Џозеф Бајден пред целосната инвазија на Русија на Украина пред три години.

„Обама пред 2014 година, како Бајден пред оваа војна, разговараше со Путин за нас без нас, за Европа без Европа, а некој од тимот на Трамп оди во иста насока“, продолжи украинскиот функционер.

„Се чини дека некој од тимот на Трамп или близок до него му претставува нереална слика за Русија“, додаде тој.

Украинските власти се надеваат дека ќе добијат детали за позицијата на САД од специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, кој утре се очекува во Киев во својата прва посета откако Трамп ја презеде функцијата во јануари.

„За нас е важно да слушнеме од Келог што навистина се случува“, рече украинскиот функционер.

Би можело да ве интересира

Трамп бара од Зеленски да премине во офанзива

Трамп му пишал на Епштајн во 2003 година, нацртал гола жена: „Нека секој ден биде прекрасна тајна“, објави „Wall Street Journal“

Катерина Ѓуровски

Многу работа за руската одбрана: Соборени се 122 украински дронови

Масовен украински напад со беспилотни летала врз Москва и Санкт Петербург

Горан Наумовски

Медиуми: Трамп се согласил со планот на НАТО за капитулација на Русија во Украина

Горан Наумовски

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг