Виенскиот весник Курир тврди дека австрискиот инвеститор Рони Печик наводно е заинтересиран за купување на шест банки на австриската Хипо Алпе Адриа на Балканот.
Весникот истакнува дека во банкарски кургови има „интензивни гласини“ дека Печик наскоро може да оствари многу профитабилна работа.
Според веникот, тој од Австрија би требало да откупи банки на Хипо Алпе Адриа на Балканот и тоа за поволна цена со шанса да профитира кога подоцна поединечно би ги продал.
Неименувани експерти од банкарскиот сектор потврдија за Курир дека Печик е меѓу малубројните заинтересирани кои имаат намера да учествуваат во купување на банки на Хипо на Балканот. Печик демантираше каква било заинтересираност.
Хипо банка бара 800 до 900 милиони евра за шест банки на Балканот што според експерти е превисока цена бидејќи банки во светот моментно банки не се преодаваат.