Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Од:

Предлозите на трговците денеска треба да бидат разгледани на седница на Влада, а како што е најавено, ќе се разгледуваат и дополнителни можности, по што Владата ќе заземе став за тоа кои и какви мерки ќе се преземат за ограничување на цените на одредени производи.

Согласно договореното, до Министерството за економија и труд се пристигнати неколку предлози од страна на трговците, некои од нив се однесуваат на ограничување на маржата, додека други на намалување на цените на основните прехранбени производи.

-Владата на денешната седница ќе отвори дискусија, ќе разгледа и дополнителни можности и ќе се заземе став за тоа кои и какви мерки ќе се преземат, информираа од владината прес-служба.

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, вчера до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат ги доставила предлозите за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи.

Како што информираат од Комората, предлозите се подготвени по одржаниот состанок во петокот во Министерството за економија и труд, заедно со министерот, заменик-министерот, претставници од релевантни институции, како и членови на Комората.

Членот на Комората, Даница Блажевска од Рептил маркети во петокот по средбата во Министерството изјави дека претставниците на трговците и дистрибутерите побарале да има реално намалување на цените на 100 до 200 производи зашто со првичната формула се опфатени над 1.000 производи, заради што, како што рече, не можат да постигнат ефект да се спуштат што повеќе цени и да бидат што подостапни за граѓаните. Порача оти сметаат дека е подобро заедно со производителите и добавувачите да направат реално намалување на цените на 100 до 200 производи, кои се најнеопходни за секојдневното живеење, кое ќе биде видливо за граѓаните.

Од Министерството за економија и труд посочија дека на состанокот во петокот било договорено конечната одлука да биде донесена до крајот на неделава.

По зголемувањето на цените на храната и двата граѓански бојкота, минатата недела во вторникот Владата на седница го задолжи Министерството за економија и труд да подготви Предлог-одлука за ограничување на бруто профитната маржа на 10 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало на дел од основните прехранбени производи, средствата за хигиена и бебешката храна.

Со Предлог-одлуката требаше да бидат опфатени основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но и детергентите, бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.

Ваквата одлука се темелеше на шестмесечниот извештај од Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало беше утврдено дека има над 20 отсто маржа на основните прехранбени производи и над 30 отсто маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Ќе има затворање маркети и отпуштањa ако се ограничат маржите, Комората на трговци бара итна средба со Владата

Катерина Ѓуровски

Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

За бојкотот на маркетите, министерот Дурмиши напомена дека е легитимно право на граѓаните и го поддржува

Мицкоски вели маркетите да ги објавуваат цените на веб сајт, СДСМ му порача да не се мајтапи со граѓаните

На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените

Катерина Ѓуровски