ВИДЕО: Изгоре магацин за полиестер, повреден пожарникар

Од:

Два од три објекти целосно изгореа во голем пожар што зафати магацин за полиестер ноќеска во гостиварското село Беговитно во општина Врапчиште. При интервенцијата повреден е пожарникар кој паднал од скали.

– Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, од 00:45 часот со 9 пожарникари и 3 ПП возила интервенираат на опожарен објект во с.Неготино (опш.Врапчиште). Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен. Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот, извести Центарот за управување со кризи.

Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сеуште има жар и чад поради што ТППЕ Гостивар сеуште се на терен.

Не се познати причините за настанување на пожарот.

Би можело да ве интересира

Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Гори голема површина во селата Облавце, Бељаковце, Стрезовце и Руѓинце, пожарот се шири кон Сув Ора

Горан Наумовски

Активни се 12 пожари, пет се ставени под контрола

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање