Француска студија: Во 2050 година во светот ќе има 9,7 милијарди луѓе

Од:

Бројот на жители во светот до 2050 година ќе се зголеми на 9,7 милијарди од сегашните 7,1 милијарди при што Индија ќе биде пред Кина и ќе биде најбројна нација во светот, се вели во студија на францускиот Институт за демографија.

Двогодишната студија прогнозира дека до крајот на овој век на Земјата ќе живеат 10 до 11 милијарди луѓе.

ОН во јуни прогнозираа дека светската популација во 2050 година ќе биде 9,6 милијарди, а бројот на лица над 60-годишна возраст ќе се зголеми од сегашните 842 милиона на две милијарди во 2050 година и речиси три милијарди во 2100 година.

Во Африка во 2050 година ќе живее една четвртина од населението во светот, односно 2,5 милијарди луѓе што е повеќе од двојно над сегашното ниво од 1,1 милијарди. Во 2050 година, Индија ќе преземе водечка позиција со 1,6 милијарди луѓе, а Кина ќе биде на второто место со 1,3 милијарди, прогнозира францускиот Институт за демографија.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт