Терористичкиот напад во трговскиот центар во Најроби ќе ја чини кениската економија меѓу 200 и 250 милиони долари загубени приходи од туризмот, прогнозираат експертите.
Мудис и Светскиот совет за туризам и патувања изјавија дека исламистичкиот напад, во кој загинаа најмалку 67 лица, ќе го забави растот на бруто домашниот производ на Кенија за 0,5 отсто. Туризмот учествува со 14 проценти во БДП-то на земјата и обезбедува работни места за 12 проценти од работната сила.
Според советот туризмот носи најголеми проходи на Кенија во странска валута по извозот на чак и кафе, генерирајќи 4,7 милијарди долари за 2011 година.
Кенија е петтата најзначајна туристичка дестинација во Африка, што годишно ја посетуваат околу 1,8 милиони посетители.