Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест

Од:

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран поради двата позитивни допинг теста од минатата година, одлучи денеска Светската антидопинг агенција (ВАДА)!

Синер е суспендиран на три месеци и сега мора да го откаже настапот во Доха, каде што требаше да игра турнир следната недела.

Синер уште во март минатата година беше позитивен на два допинг теста, а во телото му беше утврдено присуство на анаболниот андроген стероид клостебол.

Оттогаш, траеше судењето на Синер, а на крајот беше одлучено да биде суспендиран на три месеци, што значи дека ќе пропушти некои важни турнири.

Поради суспензијата, Синер ќе го пропушти Мастерсот во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид и Рим, а ќе се врати непосредно пред почетокот на вториот Грен слем турнир во сезоната – Ролан Гарос.

Ролан Гарос се игра од 25 мај до 8 јуни, а на Синер ќе му истече суспензијата десет дена пред почетокот на турнирот во Франција.

Би можело да ве интересира

Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Светското првенство, премиум билети за финалето по цена од речиси 9.000 долари

Предраг Петровиќ

Базел го откажа концертот на познатиот рапер на својот стадион, бидејќи не „ги делат вредностите на клубот“

Шокантен пораз на Зверев

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Погина Алекс Манингер

Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер