Зеленски: Украина има мали шанси да ја преживее војната против Русија без поддршка од САД

Од:

Украина има мали шанси да ја преживее војната против Русија без американска поддршка, изјави во петокот украинскиот претседател Володимир Зеленски по одделните телефонски разговори оваа недела на американскиот претседател Доналд Трамп со него и со рускиот претседател Владимир Путин.

„Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. Се разбира, во сите тешки ситуации има шанса, но ние ќе имаме мала шанса да опстанеме без поддршката на Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски во интервју за NBC News, пренесе Ројтерс.

Трамп рече дека не мисли дека е практично Украина да се приклучи на НАТО и дека е малку веројатно Украина да ја врати целата своја територија. Украина бара Русија да ги повлече војниците од окупираните територии и апелира да стане членка на НАТО или да и се обезбедат соодветни безбедносни гаранции за да се спречи Русија повторно да нападне. Русија кажа дека освоената територија е дел од руската држава и нема намера да се повлече.

Би можело да ве интересира

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина најавува „Армија на роботи“

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт