Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Од:

Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин од камион во близина на Неапол, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.

Полицијата уапси 33-годишник и 47-годишник кои беа фатени како пренесуваат 81,7 килограми кокаин поделени во 70 снопови од камион во помало комбе во северните предградија на Неапол, јави АНСА.

Проценетата улична вредност на дрогата е околу 10 милиони евра. Полицијата вели дека ова е значаен удар врз организираниот криминал.

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Откриена дилерска група, шверцувала кокаин од Холандија

Земјотрес во Неапол – најсилен во последните 40 години

А1он

Во стан во Ница запленети 50 килограми кокаин во вредност од 3 милиони евра

А1он

Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

А1он