(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за пензионирањето на тенисерот Диего Шварцман. Аргентинецот во четвртокот на турнир во Буенос Аирес го одигра својот последен меч во кариерата.

Ѓоковиќ сподели видео од пред две години, кога направи „скеч“ со Шварцман.


Новак го имитираше Лионел Меси, кој на Светското првенство во Катар кога даваше изјава го праша Вут Вегерст „Што гледаш, идиотe?“.

Новак на социјалните мрежи уште еднаш го сподели видеото снимено во теретана со шегата направена со прашањето: „Што гледаш, идиотe?“, по кое следеше и честитка: „Пријателе, честитки за неверојатната кариера“.

Ѓоковиќ сега го очекува настап во Доха, а турнирот е закажан за 17 до 22 февруари.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ во Атина се чувствува како дома – конечно го реши и Чилеанецот Табило

А1он

Моќна фотографија: Ѓоковиќ и Роналдо се сретнаа во Ријад

А1он

Ѓоковиќ мораше да се повлече од натпреварот против Тејлор Фриц на турнирот „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Ѓоковиќ поразен од Синер седми пат по ред

Го победи Ѓоковиќ и заработи повеќе отколку во целата кариера

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај

Горан Наумовски