(ВИДЕО) Три години војна: Русија контролира околу една петина од украинската територија

Од:

Интензивните борби меѓу Украина и Русија се водат речиси три години, но конфликтот започна многу порано. Во март 2014 година, Русија го анектира полуостровот Крим, кој и припаѓа на Украина, и ги поддржа проруските сепаратисти во вооружениот бунт против украинските сили на истокот на земјата. Во февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија и се обиде да го заземе Киев.

Денес, таа контролира околу една петтина од украинската територија, главно на истокот и југот на земјата. Двете страни претрпеа големи загуби, најмногу во редовите на војниците. Украина, исто така, започна напади врз делови од Русија, особено во областа Курск на североисток, делумно за да ја принуди Москва да ги прегрупира своите сили и да го намали притисокот врз украинските војници на бојното поле на исток.

Американскиот претседател Донал Трамп кој синоќа објави итен почеток на преговори за крај на војната, пред новинарите рече дека е веројатно Украина да не го врати целиот регион кој во моментов не е под нејзина котрола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина нападна длабоко во руска територија, Русија удри на Киев

Катерина Ѓуровски

Guardian: Кремљ пред одлука – регрутација или нова мобилизација?

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украина достави предлози за завршување на војната до САД, Зеленски тврди дека Русите подготвуваат мобилизација

Германски новинар го праша Зеленски: „Што можеме да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси?“

Фиктивна фирма, лажни документи и милионски пратки: Австрија откри како воена опрема стигнува до Русија