Трамп телефонски разговараше и со Зеленски: И тој како и Путин сака мир!

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараа, објави „Укринформ“.

Според портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров, разговорот траел околу еден час.

Трамп ги објави деталите од разговорот со Зеленски на социјалната мрежа „Truth Social“.

„Само што разговарав со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Разговорот помина многу добро. Тој, како и претседателот Путин, сака мир. Разговаравме за различни теми поврзани со војната, но главно за состанокот што се организира во петок во Минхен, каде што потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио ќе ја предводат делегацијата. Господ нека ги благослови луѓето на Русија и Украина!“, напиша Трамп.

Зеленски го опиша разговорот со Трамп како „значаен“ и рече дека тој е фокусиран на можноста за постигнување мир, соработка меѓу нивните тимови и „технолошките способности на Украина – вклучувајќи беспилотни летала и други напредни индустрии“.

Украинскиот претседател истакна дека Киев соработува со САД на заеднички чекори „за да се запре руската агресија и да се обезбеди траен, сигурен мир“.

Зеленски на платформата Х објави за разговорот со Трамп.

„Разговаравме долго за можностите за постигнување мир, разговаравме за нашата подготвеност да соработуваме на тимско ниво и за технолошките можности на Украина – вклучувајќи беспилотни летала и други напредни индустрии. Благодарен сум на претседателот Трамп за неговиот интерес за она што можеме да го постигнеме заедно со САД, ги одредуваме нашите следни чекори за да ја запреме руската агресија и да се обезбеди траен и сигурен мир како што рече претседателот Трамп: „Ајде да го оствариме тоа“. Се договоривме да одржуваме натамошна комуникација и да ги планираме претстојните средби“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Елон Маск објави формирање политичка партија, дали е тоа крај на двопартискиот систем на САД

Трамп за Путин: Тој е професионалец

Предраг Петровиќ

Зеленски: За мир е потребен пристоен договор, а Украина ги поддржува американските предлози

Зеленски денес имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп

Зеленски: Украина и САД потпишаа договор за заедничко производство на дронови

Трамп ги укина санкциите за руски производител на оружје, во исто време ја суспендираше помошта за Украина

А1он