Зеленски за рускиот ракетен напад: Путин не се подготвува за мир

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека само силни чекори и притисок врз Москва можат да ја сопрат Русија и повика на единство и поддршка од сите партнери на Украина во соочувањето со руската агресија.

„Овој руски терор против Украина нема да престане сам по себе. Путин не се подготвува за мир – тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни чекори и притисок врз Русија можат да го запрат овој терор. Во моментов ни треба единство и поддршка од сите наши партнери во борбата за праведен крај на оваа војна“, рече Зеленски.

Како што претходно објавија украинските медиуми, едно лице загина, а четворица се повредени во руски ракетен напад врз Киев, меѓу кои и едно деветгодишно девојче.

Во текот на ноќта во Киев се слушнаа серија експлозии, а воздушната одбрана (АДФ) предупреди на закана од употреба на балистичко оружје.

Би можело да ве интересира

Зеленски предупредува: Москва се вооружува и подготвува масовна мобилизација

Има загинати во украинскиот напад врз Ростов, погодени се и нафтени постројки

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Путин: Руската економија е четврта во светот, прва во Европа

Горан Наумовски

Московскиот регион нападнат од рој дронови

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод