Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Од:

Во престрелката што се случи синоќа во скопски Чаир има една жртва и двајца повредени потврдува Министерството за внатрешни работи.

„На 11 февруари 2025 година, во 00:06 часот, во СВР Скопје од болницата ‘Св. Наум Охридски’ беше пријавено дека кај нив биле донесени две лица со повреди од огнено оружје, од кои едното подоцна им подлегнало на повредите. Полицијата презеде мерки и утврди дека тие учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир“, информираат од МВР.

Во врска со инцидентот, полицијата во раните утрински часови уапсила четири лица, за кои постои сомнеж дека биле инволвирани во престрелката. Во 01:40 часот во болницата бил уапсен Б.Б. (39) од Скопје, додека Н.Д. (22) бил приведен на подрачјето на Чаир. Подоцна, полицијата успеала да ги пронајде и Р.Р. (41) и К.Т. (28), кои исто така биле лишени од слобода.

„Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, додаваат од МВР.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени, информираа од јавното обвинителство.

Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Исто така, издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините.

Би можело да ве интересира

Словенија ја засилува безбедноста на улиците, ја распоредува војската да и помогне на полицијата

Горан Наумовски

Момче (9) ја уби мајка си затоа што не го пушти да излезе надвор со другарите

А1он

Обвинение за кавадарчанец кој со тесла си го уби братот на негов роденден, тајно го закопа и се обиде да го прикрие убиството

Тага и гнев во Словенија по бруталното убиство, двајца министри поднесоа оставки

Предраг Петровиќ

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Влезе во болница и ја изрешета поранешната сопруга

А1он