Пилот се онесвести за време на летот од Хургада до Манчестер

Од:

Летот на ЕasyJet од Хургада до Манчестер принудно слета во Атина, откако капетанот се онесвестил за време на летот, објави денеска Дејли мејл.

Неименуван патник за британскиот весник изјавил дека екипажот ги прашал патниците дали некој од нив се медицински работници и ги информирал дека авионот ќе изврши итно слетување.

„Почнавме да паничиме, мислејќи дека е крајот. Еден од патниците имал напад на паника, па му ставиле маска за кислород“, рекол патникот.

Easyjet го потврди инцидентот и рече дека копилотот извршил „рутинско“ слетување на аеродромот во Атина.

По безбедното слетување, екипажот и патниците беа пречекани од голем број противпожарни возила, полициски автомобили и возила на брзата помош.

Моменталната состојба на пилотот не е позната.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија имаат постари владини авиони од Македонија

А1он

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц

Почна истрагата за падот на авионот во Мавровското езеро

Мал авион падна во Мавровското Езеро, еден повреден

Катерина Ѓуровски