(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Од:

Пожар избувна во околината на Марибор. Се работи за голем пожар, а на терен се неколку противпожарни единици. Противпожарната служба на Марибор за N1 Словенија потврди дека гори фабрика за преработка на пластика.


Се наведува дека објектот е во сопственост на компанијата Плана. Како што објасни командантот на пожарникарите во Марибор, Примож Осојник, се запалила шаторската хала во која се чувале пластични производи, а пожарот се проширил на површина од 9.600 метри квадратни.

Со пламените јазици се борат 150 пожарникари, меѓу кои пожарникари од Марибор и пожарникари од 18 околни противпожарни служби.

Според досега познатите информации, во пожарот нема повредени, соопштија од полициската управа Марибор. Според првата, неофицијална проценка на полицијата, материјалната штета изнесува неколку милиони евра.

Полицијата ги повикува граѓаните да се држат настрана од пожарот и ги советува да ги затворат прозорците.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице