Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Од:

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.

-Дополнително, сакам да потсетам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието. Тоа доволно говори и е само една од многуте причини поради која што денеска ја поднесуваме оваа интерпелација. Европската унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во рпавосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ, рече на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцира дека досега очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.

-Имено член 100 став 8 од Законот за Судски совет предвидел дека доколку Собранието на Република Македонија не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет а тој истиот не е усвоен, тоа ќе биде основа за поведување расправа пред органите кои што ги избрале членовите на Судскиот совет за нивната работа во Советот. Имено, согласно тој член сами требале да ја почнат работата за разгледување на негативниот извештај кој дошол од Собранието, кој бира пет од 13-те членови од самиот Совет. Мораме да најдеме некој тригер да почнеме со одредена иницијатива, нас законот ни го дава за дел од членовите кои што ние ги имаме избрано во Собранието, затоа што на начинот на кој што се избрани истите тие претставници кои ги бираат имаат право да разговараат и да зборуваат за нивната работа. по изгласувањето на интерпелациите, ќе ги видиме следните чекори од страна на Судскиот совет, рече тој.

Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.

-Судскиот совет кој што е клучна инситуција за функционирањето на правната државаи одржувањето на владеењето на правото во Македонија. Затоа, секоја сенка на сомнеж во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните. Наша цел е да дадеме придонес и да направиме се што е во рамките на нашите уставни и деловнички надлежности и можности за да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем кој што ќе значи и ќе донесе голема правда за секој еден граѓанин на Македонија подеднакво, рече Мицевски.

Упати порака дека е време за да воведе ред во руинираниот македонскиот правосуден систем преку сериозни реформи и коренити промени кои, како што рече, „ќе значат почеток на крајот на досегашните злоупотреби, неправди, разочарувања и негативни пракси во судството во Македонија“.

Побара поддршка од сите опозициски парламентарни партии и сите други пратеници за овие измени.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари на приватни патувања

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт

Кој прави полоши образовни реформи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни овинувања

Катерина Ѓуровски