СДММ: Возел пијан, без возачка, направил сообраќајка – бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов

Од:

Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена, рече на прес конференција претседателот на Социјалдемократската младина Трајче Стојчевски.

– Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка сообраќајна несреќа. Вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина.Со тоа што убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат. После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи. Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС, рече Стојчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација