Апасиев до граѓаните: Посочете лица кои ќе бидат јавно сослушани за аерозагадувањето

Од:

Апасиев ги повикува граѓаните и еко-активисти да посочат лица (експерти, професори, научници, зелени активисти, инспектори, министри, директори и сл.), кои ќе бидат јавно сослушани за аерозагадувањето во Македонија.

– Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ве повикувам да ми посочите лица кои би сакале да бидат повикани на јавното сослушување, кое ќе оди како директен пренос на телевизија. Кон крајот на овој месец, за прв пат во Собранието, по барање на опозицијата, ќе се одржи надзорна расправа за аерозагадувањето на Скопје и на другите градови низ Македонија – повика лидерот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев.

– Се надевам дека овој инструмент за парламентарна контрола и надзор над (не)работата на извршната власт, во иднина почесто ќе го користиме, како почеток на една нова политичка култура која пратеничката група на Левица ја воспоставува на политичката сцена во Република Македонија – додава Апасиев.

Од Левица информираат дека граѓаните и еко – активистите, своите предлози можат да ги доставуваат на е – адресата кај асистентот на пратениците од Левица: [email protected]

Би можело да ве интересира

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри