Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде опозицијата не сака избори

Од:

Претседателката на српското Народно собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека Србија е единствената земја во светот каде, како што тврди таа, опозицијата не сака избори.

„Во Србија имаме најмалку два светски ексклузивци во политичка смисла. Првата е дека ние сме единствените во целиот свет што не сакаме избори. Вообичаено е опозицијата секогаш да бара, бара, избори. Само овде, кога опозицијата ќе го слушне зборот избори или референдум, извикува „нема да нè измамите, нема да имаме избори“, вели Брнабиќ.

Таа додаде дека уште една работа карактеристична за Србија е создавањето систем, од страна на опозициските и тајкунските медиуми, во кој секогаш (и за се) виновен и одговорен е некој кој не е одговорен за ништо.

Би можело да ве интересира

Во Народното собрание на Србија: Опозициски пратеници предизвикаа инцидент

Горан Наумовски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата

А1он

ВИДЕО: Активисти ја пресретнаа и се расправаат со Ана Брнабиќ

А1он

Брнабиќ за штрајкот на N1: „Богови на манипулацијата“

А1он

(ВИДЕО) Брнабиќ: Суштината на протестот пред РТС е – да се убие претседателот Вучиќ

А1он