Јеремиќ се врати во Белград

Од:

Ми беше чест да му служам на светот во име на својот народ, рече Вук Јеремиќ на крајот на својот мандат во Генералното Собрание на Обединетите нации, кој денеска од Њујорк пристигна во Белград, пренесе српски „Блиц“.

Тој неодамна изјави дека ќе биде независен пратеник во Народното собрание и дека ќе се посвети на прашањето за одржлив развој.

Јеремиќ изрази желба со поддршка на Универзитетот Колумбија во Белград да основа Институт, кој како што објасни тој би била прва академска институција која во овој дел од светот би се занимавала со нова модерна развојна стратегија за 21 век.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија