(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Од:

„Оставка, политичари!“, извикуваа црногорските студенти додека го блокираа еден од најфреквентниот булевар во Подгорица, барајќи одговорност од раководителите на безбедносниот сектор за трагедијата во Цетиње во која загинаа 13 лица.


Црногорските студенти собрани околу неформална група веќе втора ноќ ги блокираат патиштата во главниот град на Црна Гора и најавија дека ќе продолжат со протестите секојдневно до исполнување на нивните барања.

По масакрот во Цетиње, кој се случи на 1 јануари, студентите побараа оставки од шефовите на безбедносниот сектор – министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот Алекса Бечиќ. Но, бидејќи не поднесоа оставки, сега бараат од премиерот Милојко Спајиќ да ги смени.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

„Кој е следен“: Ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните

Горан Наумовски

Свирежи до Владата, a потоа 16-минутен молк за жртвите од Кочани

Горан Наумовски