Кој прави полоши образовни реформи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни овинувања

Од:

Предложената Концепција за гимназиско образование од страна на Министерката Весна Јаневска предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност. Ова уште еднаш ја покажа целата неспособност на министерката Јанева која рече дека децата може да учат англиски од серии и дека не им се потребни учебници, велат од СДСМ.

– Очигледно Јанева нема капацитет да го води овој толку значаен ресор.Оваа концепција, која се турка без доволна консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката мисла и намалување на квалитетот на образованието. Како одговорна политичка партија, СДСМ повикува на итно организирање на Јавна дебата со сите засегнати страни за да се обезбеди квалитетен и модерен образовен систем кој ќе одговара на потребите на учениците и наставниците. Јавна дебата не е поставување на Концепцијата на веб-страницата на БРО. Несериозно е да се прават сериозни реформи без јавна дебата, од таа причина оваа Концеоција ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката. Неопходно е министерката Јаневска да преземе одговорност и да ја повлече предложената реформа, каде меѓудругото се укинуваат предмети кои се основата на гимназиското образование. Без предметите филозофија, етика, логика, социологија, педагогија и други, се урнисува основата на гимназиското образование. Апелираме до министерката Јаневска да се вразуми, да ја повлече штетната Концепција и да ги слушне реакциите на стручната јавност. Да се организира јавна дебата каде ќе се вклучат сите релеватни страни во отворена и аргументирана дебата со цел креирање на реформи во интерес на граѓаните и идните генерации, се вели во соопштението од партијата.

СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите седум години. СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници. Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието, а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос. СДС наместо да обезбедат учебници со години ги полнеа џебовите со ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди учебници, гради и обновува училишта и спортски сали. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да го направи образованието подобро и поквалитетно. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соработува со учениците и студентите, наставниците и родителите, и со сите граѓани и експерти за да воспостави напреден воспитно-образовен систем, СЕ ВЕЛИ ВО РЕАКЦИЈАТА ОД ВЛАДЕАЧКАТА ПАРТИЈА.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците