Во Собранието в петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот

Од:

Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ денеска изгласаа одлука в петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“.

За оваа одлука поддршка искажаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ, Левица и „Европскиот фронт“. На седницата на Комисијата не присуствуваа пратеници од СДСМ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески истакна дека безбедноста на граѓаните мора на сите да им биде приоритет, а тоа, како што рече, значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции.

– Врз основа на членовите 128 и 129 од Деловникот на Собранието бараме да се организира јавна расправа, имено јас заедно со колешката Мерита Колчи Коџаџику од ВЛЕН и Бобан Карапејовски од ЗНАМ поднесовме известување за потреба од одржување на јавна расправа заради анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Владејачкото мнозинство во насока на подобрување на законската регулатива ќе побара доуредување и допрецизирање на истата. Време е за сериозни чекори и системски решенија. Безбедноста на граѓаните мора да ни биде приоритет на сите, а тоа значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции. Порачуваме и повикуваме до сите дека намерата за стручна и експертска дебата е приоритет и како владејачко мнозинство нема да дозволиме политизација на оваа тема. Нас ни требаат издржајни решенија, а не политичка некрофилија и злоупотребување на моментот. Ги повикувам сите пратеници без разлика дали се од власт или опозиција, да ја поддржаат оваа иницијатива и да застанеме зад неа еднаш сите заедно за изнаоѓање на системски решенија и решавање на проблемите со кои се соочуваме, рече Мицески.

Пратеникот на Левица, Ама Мециновиќ рече дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи иницијативата за јавна расправа. Смета дека е потребна.

– Нашите видувања, иако ја поддржуваме, можеби попаметно беше да имаме надзорна расправа за да видиме и за имплементацијата на регулативата и за нејзината злоупотреба, а не самод а дискутираме за некои законски решенија, но сепак сега е време да се поддржи оваа иницијатива за јавна расправа и ние ќе ја поддржиме, рече Мециновиќ.

И пратеникот на „Европскиот фронт“, Елми Азири ја искажа поддршката на својата пратеничка група за оваа иницијатива од власта.

-Веруваме дека во јавната расправа ќе произлегуваат и други предлози кои же дадат друг предизвик којшто ќе допираат и други точки кои се однесуваат со правото и со правниот систем воопшто, бидејќи видовме и во текот на овие денови каде што во правото според моето оценување не е работено како што треба, рече Азири.

Иницијативата за одржување на јавна расправа произлезе по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која во среда беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин. На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Би можело да ве интересира

ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски