Лажен полицаец и зел 30 000 евра на кумановка: и рекол дека ќерка и прегазила дете

Од:

65-годишна жена од Куманово наседнала на лагата дека нејзин близок прегазил дета и дека треба да плати за да нема кривична одговорност. И се јавил човек кој се претставил дека е полицаец и и кажал дека ќерка и прегазила дете мигрант. Жената, како што се догвориле му однела 30 илјади евра. Подоцна, по разговор со ќерка и сфатила дека изманема.

– На 31.01.2025 во 14.30 часот, 65- годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомираше МВР.

Би можело да ве интересира

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези

Катерина Ѓуровски

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен