Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

Од:

Три лица кои загинаа во авионска несреќа во САД имале руски пасоши, а се проверуваат информациите за уште еден патник, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Трите жртви на оваа авионска несреќа, според нашата амбасада, имаат руски пасоши. Што се однесува до друго лице, четврто, разбираме дека можеби имал руски пасош, оваа информација во моментов се проверува“, рече Захарова на прес-конференција.

Официјален претставник на руското Министерство за надворешни работи потсети дека меѓу патниците во урнатиот авион се поранешните светски шампиони и руски национални лизгачи Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, како и поранешната советска уметничка лизгачка Ина Волјанскаја, која работела во САД како тренери, пренесува Танјуг.
+
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за новинарите во Белата куќа дека никој не ја преживеал несреќата во средата вечерта во Вашингтон, во близина на националниот аеродром Роналд Реган, во која учествувал авион на Американ ерлајнс кој полетал од Вичита, Канзас, со 60 патници и четворица членови на екипажот, при што се судри со воен хеликоптер Black Hawk во кој беа тројца војници на американската армија.

Досега се пронајдени најмалку 40 тела.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Сведоци сме на нова бруталност на украинската армија врз цивили во Курск

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Веруваме дека нема преживеани, се префрламе на пронаоѓање и извлекување тела“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 тела извлечени од реката, авионот преполовен

Катерина Ѓуровски

Во авионот што се урна биле и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање Шишкова-Наумов

Катерина Ѓуровски