Кинеската амбасада во САД соопшти дека двајца кинески државјани се меѓу жртвите на судирот на патнички авион и хеликоптер во Вашингтон, во близина на националниот аеродром Роналд Реган.
Кинеската амбасада соопшти дека длабоко жали за сите жртви и изразува искрено сочувство до нивните семејства, пренесе Ксинхуа. Амбасадата побара од американската страна да ги утврди сите детали за инцидентот што се случи во средата навечер и формално да ја извести кинеската страна, како и да им пружи помош на семејствата на жртвите во справувањето со последиците.
Во соопштението се вели дека амбасадата ќе понуди и конзуларна заштита и помош во рамките на нејзината јурисдикција.
Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот потврди дека двете црни кутии, кои се однесуваат на рекордерот за податоци за летот и на диктафонот на гласот, се извлечени од остатоците на авионот во реката Потомак.