Општина Струмица успешно се претстави на меѓународниот саем НЕКСПО 2013

Од:

Делегацијата на Струмица, успешно ја претстави општината на интернационалниот саем на општините од југоисточна Европа НЕКСПО 2013, кој се одржа во Опатија и Ријека, Република Хрватска. На саемот учествуваа 300 субјекти меѓу кои општини, општински здруженија, развојни агенции, граѓански здруженија и бизнис секторот од Југоисточна Европа. Овој саем ја промовираше улогата на локалните самоуправи во процесот на децентрализација, овозможи регионално вмрежување, промовира регионална соработка и промоција на регионалниот бизнис сектор.

Општина Струмица учествуваше на заеднички штанд со општина Велес, двете општини од Македонија кои го добија сертификатот за поволно бизнис опкружување и уште 6 општини ( Бјеловар, Иванец, Приједор, Сански мост, Пирот и Рума) од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Општина Струмица преку своите претставници успешно се промовираше пред учесниците и посетителите на овој саем, кои имаа можност покрај промотивниот материјал кој беше претставен на штандот и преку разговор со претставниците на општина Струмица, да се информираат за можностите за инвестирање, за напредокот на општината, за видот и бројот на проекти кои општината ги има реализирано, да пронајдат заеднички идеја за понатамошна соработка и да разменат контакти и добри практики. Бидејќи темата на саемот беше ЕУ интеграција и Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, општина Струмица размени практики со другите општини за проекти кои се веќе реализирани и тековни од предпристапните фондови на ЕУ како и проекти за енергетска ефикасност.

Придобивките на Општина Струмица од овој саем се тоа што општината успеа да ги презентира можностите за инвестирање пред бизнис секторот и странските инвеститори, да покаже дека е општина која постојано ги подобрува и хармонизира бизнис условите и дека ја зацврстува сликата за поволна инвестициона дестинација.

Исто така, во рамките на активностите на саемот, делегацијата од општина Струмица реализираше и средба со Здружението на Македонци во Ријека.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски